Повторно пукање во Брисел, најмалку еден повреден

Макфакс
/ 06.02.2025 / 12:08

Уште едно пукање имаше во бриселската општина Андерлехт, во близина на метро-станицата „Клемансо“. Најмалку едно лице е повредено.

Инцидентот се случил околу 3:30 часот, а сторителот употребил огнено оружје, потврдија бриселскиот обвинител Жулјан Моинил и градоначалникот на Андерлехт, Фабрис Кампс, во интервју за радио RTBF.

„Едно лице е рането со куршум во ногата и пренесено во болница“, соопшти бриселското Обвинителство. Веднаш по пукањето, на местото на настанот пристигнале истражители, федералната полиција и балистички експерт за да спроведат истрага.

Ова е втор инцидент за два дена во Андерлехт. За разлика од пукањето во средата, овој пат сообраќајот на метрото не беше прекинат иако еден влез во станицата беше затворен, соопшти бриселскиот јавен транспортен оператор STIB.

„Во последните 24 часа имаше три престрелки: две во Андерлехт и едно во Сен Жосе-тен-Нуд. Не знаеме со кого си имаме работа, но имаме двајца осомничени по кои моментно се трага“, рече Моинил. Тој додаде дека престрелките се поврзани со територијален конфликт меѓу неколку наркобанди.

„Уште колку смртни случаи ќе ни бидат потребни за да имаме одговор сразмерен на сериозноста на ситуацијата? Трговијата со дрога стана толку широко распространета, а парите вклучени во неа толку големи, што се водат војни“, рече тој.

Пред последното пукање Моинил веќе ги повикал шефовите на шесте бриселски полициски зони и правосудната полиција да побараат анализа и да утврдат кои се овие банди. Иако има одредени идентификации, „сѐ уште има многу неизвесности“, рече тој.

Во средата пукањето беше кај метро-станицата „Клемансо“ во 6:15 часот. Снимката од надзорните камери, која сега кружи на интернет, покажува двајца напаѓачи вооружени со автоматски пушки од типот калашников како отворено пукаат надвор од станицата пред да побегнат во метрото. Следуваше полициска потера во тунелите на бриселското метро, ​​но осомничените сѐ уште не се уапсени.

Тагови
реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Свет

Познат договорот на Путин и Трамп, Белата куќа ги откри деталите од разговорот

Read more

Путин ќе побара од Трамп да ги запре сите испораки на оружје за Украина во замена за прекин на огнот

Read more

Сијарто: Унгарската влада беше Трамп пред Трамп

Read more

Трамп ја разгледува опцијата официјално да го признае окупираниот Крим како дел од Русија

Read more
 

Вести

Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Читај повеќе

Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Тошковски: Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани

Читај повеќе

Познат договорот на Путин и Трамп, Белата куќа ги откри деталите од разговорот

Читај повеќе

Тошковски: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

Читај повеќе

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Читај повеќе

Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

Читај повеќе

Клековски: Денес стигнува тим од Британија, ќе подготвува рехабилитација за пациентите кога ќе почнат да се враќаат од странство

Читај повеќе

Повик за мирен јавен собир во 18 часот во Скопје во чест на жртвите во Кочани

Читај повеќе