Повторно воведени рестриктивни мерки во Каталонија за да се спречи ширењето на COVID-19

Околу 160.000 луѓе во Каталонија, Шпанија повторно се ставени под карантин додека властите се борат да го спречат ширењето на коронавирусот во овој регион.

Судијата ја одобри наредбата да се воведат рестриктивни мерки и во областа Љеида во Шпанија.

За 140.000 жители на Љеида и 7 општини во регионот Сегрија е издадена наредба да останат дома за да се спречи ширењето на вирусот.

Жителите можат да излезат само за да одат на работа, да купат храна или да одат во банка, пишува Metro.

Регионалните власти им препорачаа на луѓето во три квартови од предградието на Барселона, во кое живеат 260.000 луѓе, да не ги напуштаат нивните домови доколку немаат потреба.

Рестриктивните мерки во Шпанија беа укинати на 21 јуни. Повеќе од 28.000 луѓе починаа за време на пандемијата во оваа држава.

Откако ги укинаа рестриктивните мерки се појавија повеќе од 170 кластери низ целата држава, а со тоа регионалните власти воведоа низа нови рестрикции создавајќи паника и бес кај жителите и бизнисмените, пишува Reuters.

Каталонија стана првата шпанска покраина која воведе задолжително носење заштитна маска за сите жители и посетители, на сите јавни места и во секакви услови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе