Позата во која спиете ви влијае на здравјето

Секој има своја омилена положба за спиење.

Некои сакаат да се свиткани, некои сакаат да се тркалаат по целиот кревет, некои спијат на грб, некои на стомак, а еве што велат лекарите - која е најдобрата, а која најлошата положба за спиење кога станува збор за здравјето на луѓето?

Луѓето обично спијат во една од четирите основни пози - свртени настрана, свиткани во положба на фетусот, на стомак или на грб.

Еве како секоја од нив влијае на нашето здравје.

Фетус поза

Оваа поза може да сигнализира до нашиот нервен систем дека сме во грч или борба и дека не е безбедно да заспиеме. Експертите советуваат да спиете во отворена положба, бидејќи помага да дишете поправилно и полесно.

На страна

Спиењето на едната страна од телото е најдобрата положба во која можете да заспиете. Лекарите советуваат да користите две перници во оваа положба, едната што ќе ја ставите под главата, а другата до телото. Од невролошка перспектива и од перспектива на мускулите, како и дишните патишта, тоа е најдобриот избор - смета д-р Рон Ерлих и додава дека спиењето на левата страна е подобро за варење.

На стомак

Спиењето на стомак е најлош избор. Во оваа позиција, мускулите на главата, вратот и вилицата се под постојан притисок, тие се напнати, што може да доведе до болка во овој дел од телото. Болката може да влијае и на долниот дел на грбот и карлицата. Замислете да стегате влажна крпа - тоа е грубо она што се случува со вашите мускули и зглобови додека спиете на стомак - опишува д-р Ерлих.

Шелби Харис, експерт за сон и професор на Медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн, исто така, забележува дека спиењето на стомак прави непотребен притисок врз целото тело.

- Најверојатно ќе се разбудите вкочанети, а тоа може да ја зголеми можноста за болка во мускулите и зглобовите - вели тој.

На грб

Според многу експерти, спиењето на грб е најдобриот избор за добро здравје и квалитетен сон.

- Добро е да спиете на грб со главата, вратот и горниот дел од грбот во малку подигната положба. Обезбедува одмор за рамената и 'рбетот, а помага и при рефлукс, кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот - вели д-р Марк Т. Браун.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Здравје

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе