Пожарот на Галичица се шири кон Стење, се слушаат експлозии

Пожарот на планината Галичица е активен на страната према Ресен и се шири накај селото Стење, Ресен.

Според известувањето на ресенската противпожарна бригада, се слушале и експлозии од куршуми и неексплодирани средства.

Во текот на денот имлао екипа од 12 лица од (НП Галичица, доброволци), информираа од Центарот за управување со кризи.

Според  последните информации нов пожар избил на ниска вегетација во многу непристапен карпест и каменест терен кој тешко се гасни од земја, во атарот на сeлото Полог (Општина Новаци).  Пожарот има голем фронт и се шири во правец кон селата Скочивир, Грумази и Сливица. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Битола со 2 пожарникара и 1 ПП возило и 9 вработени од ЈП НШ „Кајмакчалан“ Битола. Во 23.00 часот дополнително биле испратени 3 пожарникари со 1 ПП возило во Скочивир, додека во 04.40 часот 2 пожарникара со 1 ПП возило кај Манастирот во с.Сливица. ЈП НШ се повлекле од терен во 18:00 часот и истите ќе бидат ангажирани во раните утрински часови.

Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност. Во текот на денот на терен имало 4 вработени од ЈП НШ „Бигла“ Демир Хисар, кои во 18.00 часот се повлекле, како и 3 вработени од ЈП НШ „Галичица“ Охрид. Исто така на охридската страна, направени се заштитни појаси со машина од ЈП НШ.

Во Општина Македонски Брод, пожарот кај с.Тажево кон с.Брезница е активен. На терен во текот на денот интервенирале ТППЕ Македонски Брод, 40 припадници на Унгарските специјални сили и 25 лица од Специјалните сили на МВР. Се интервенираше и до воздух со 1 хеликоптер и 6 „ер трактори“.

Во Општина Кичево, пожарот штона ден 07.08.2024 година започна кај с.Челопеци се прошири кон с.Бигор Доленци е активен и истиот е на тешко пристапен терен. Во текот на денот интервенирале 3 вработени во ЈП НШ „Лопушник“ Кичево и 50 војници од Армијата. Исто така во попладневните часови интервенираше и воздухоплов на Армијата.

Во Општина Струга од околу 14.10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај с.Долна Белица, кој подоцна се проширил кон селата Октиси и Велешта и истиот бил излезен од контрола и проширен кон шума. Интервенирале со 3 пожарникари и 1 ПП возило, но подоцна се приклучиле и други екипи, како и месно население. Според информациите од ТППЕ пожарот е ставен под контрола околу 01:45 часот, а сеуште гори депонијата во с.Октиси, поради што во 06:30 часот испратена е екипа од ТППЕ Струга на интервенција.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, во 22.49 часот добиена е пријава за пожар. Од страна на РЦУК Скопје известени се БППЗ на град Скопје, ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ од Скопје и лицето за контакт од ЕЛС Сарај. Од страна на комунален инспектор од ЕЛС Сарај добиле информација дека пожарот е во околината над односно зад с.Ласкарце накај с.Паничари и дека таму нема да може да интервенира ТППЕ, туку би требало да се интервенира од воздух. Утрово известуваат дека БППЗ немаат информација дали пожарот е активен, додека од Општина Сарај не можат да ги добијат за комуникација, за да се провери информацијата дали овој пожар е активен.

реклама

Македонија

На автопатот Скопје-Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година

Read more

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Read more

АЦВ: Прекршувањето на правилата под изговор не сме знаеле е неприфатливо, вчерашните управувачи со дронови не се регистрирани оператори

Read more

Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, три не исполнуваат минимум технички услови

Read more
 

Вести

На автопатот Скопје-Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година

Читај повеќе

Пронајден починат осуденик во затворот Идризово

Читај повеќе

Шведска ги менува плановите: Ако дојде до криза или војна, се враќаат на плаќања во кеш

Читај повеќе

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Читај повеќе

АЦВ: Прекршувањето на правилата под изговор не сме знаеле е неприфатливо, вчерашните управувачи со дронови не се регистрирани оператори

Читај повеќе

Макрон ќе им подели на Французите прирачници за преживување: Сакам да бидеме подготвени

Читај повеќе

Уапсени 7 полицајци, осомничени дека помогнале дискотеката Пулс да добие лиценца

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Орбан официјално забрани да се одржи Парада на гордоста во Будимпешта

Читај повеќе

Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, три не исполнуваат минимум технички услови

Читај повеќе