Познат добитникот на главната награда од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија „ЛУКОИЛ Клуб авантура“

Големата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија „ЛУКОИЛ Клуб авантура“ заврши, но за добитникот на главната награда АТВ возило авантурите допрва почнуваат. Александар Јанев од Скопје е среќниот добитник на главната награда АТВ возило што му беше доделено денес на бензинската станица „Македонски Фолклор“ во населба Автокоманда.

„Искрени честитки до господинот Јанев. Верувам дека неговото АТВ возило ќе му донесе нови искуства, нови авантури и уживање. ’ЛУКОИЛ Клуб авантура‘ беше нашата овогодишна наградна игра со која уште еднаш сакавме да ја изразиме нашата благодарност и почит кон сите наши верни потрошувачи. Да се биде член во ЛУКОИЛ Клуб програмата за лојалност значи да се биде член во едно големо семејство за кое ЛУКОИЛ Македонија постојано се грижи обезбедувајќи, пред сè, квалитетни горива, овозможувајќи одлична услуга, одлично корисничко искуство, но и многу поволности и бенефити во текот на целата година. Им честитам на сите добитници во наградната игра, ги поздравувам сите корисници на нашите бензински станици и им посакувам успешна година што следува“, изјави г. Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

„Немам зборови со кои би можел да ја искажам мојата радост. Јас сум редовен корисник на услугите на бензинските станици на ЛУКОИЛ, го користам нивното најквалитетно гориво, учествував во наградната игра со неколку сметки и ете, ја имав среќата токму јас да бидам добитник на големата награда. Знам дека ова возило ќе ми донесе многу забава и радосни моменти. На ЛУКОИЛ Македонија им благодарам од сè срце, останувам да бидам нивен верен корисник, а се надевам дека и други ќе го следат мојот пример и ќе станат членови на ЛУКОИЛ програмата за лојалност“, рече добитникот на главната награда г. Јанев.

Во наградната игра „ЛУКОИЛ Клуб авантура“, во пет извлекувачки кола, во ноември и во декември, 26 верни корисници на ЛУКОИЛ Македонија добија вредносни ваучери за гориво, а главната награда е денес доделеното АТВ возило.

Од ЛУКОИЛ Македонија најавуваат дека грижата за своите лојални клиенти продолжува и натаму преку континуирана беспрекорна услуга, многу придобивки и, секако, наградни игри преку кои ќе се доделуваат безброј вредни награди.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Промо

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more

Macan поставува нови стандарди: првиот и целосно електричен SUV на Porsche

Read more

НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

Read more

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Read more
 

Ново

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе
  • filter

Се продава легендарното BMW M1, проценето е до 500.000 евра

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе