РАКОМЕТЕН ТУРНИР СТРУГА 2020

Познати групите и календарот за турнирот во Струга

Традиционалниот предсезонски ракометен турнир ќе стартува на 12 август со напреварот помеѓу домаќинот Струга и Прилеп.

Од минатогодишниот дуел на Бутел и грчки АЕК; Фото: Турнир Струга

На синоќешната жрепка беа направени двете групи за 48. издание на меѓународниот турнир во Струга кој оваа година поради пандемијата со коронавирусот ќе го сочинуваат само домашни екипи. Тоа значи дека минатогодишниот победник, грчки АЕК, нема да може да го брани пехарот.

Група А:
Вардар
Охрид
Бутел
Еурофарм П. 2

Група Б:
Е. Пелистер
Струга
Металург
Прилеп

Првиот ден, среда, ќе почне со пресметката на Струга и Прилеп по што ќе следува и мала церемонија за отворање на турнирот. Потоа ќе се соочат Бутел и Охрид, а вечерта ќе ја заокружи дербито на Пелистер и Металург, два претендента за пехарот.

Фаворитот Вардар походот кон титулата ќе го почне против Охрид на вториот ден, а групната фаза ќе заврши со четвртиот ден, односно сабота,

Наредниот ден, недела, на програмата се натпреварите за пласман како и финалето помеѓу двете првопласирани екипи и тоа со почеток во 21:15 часот. Сите натпревари ќе се играат на отвореното игралиште „Женска плажа“.

Клик за поголема верзија

Според протоколот на Министерството за здравство натпреварите треба да се играат без публика, но организаторот има во план според посебен протокол да дозволи присуство на мал број на гледачи. Сепак, тоа допрва ќе биде одлучено.

реклама

Патничките авиони ќе летаат како птиците во јато

Read more

Зошто одеднаш Израел почна да си подава рака со арапските земји?

Read more

Топ 5 новитети во iOS 14 за iPhone кои мора да ги пробате

Read more

Ако епидемиолошката слика е стабилна, во ноември ќе се дозволи физичко присуство во училиштата

Read more

Ракомет

Поради позитивни случаи на коронавирус, Голден Арт КЛ7 во изолација

Read more

Вардар изгуби на гостувањето кај Мешков Брест

Read more

Талески: Да ја отвориме новата сезона со позитивен резултат

Read more

Кастратовиќ по денешната жрепка: Го посакувавме Кринс, фаворити сме

Read more

Спорт

Депај нема да го нашушти Лион

Читај повеќе

Агуеро веројатно нема да заигра за Сити до ноември

Читај повеќе

Почнува Серија А: Кој ќе го запре Јувентус?

Читај повеќе
  • play_arrow

Адетокунбо вторпат по ред прогласен за најкорисен играч во НБА

Читај повеќе

Се враќа публиката во Калчото: В недела на две средби ќе има гледачи

Читај повеќе

ГП во Монца е најдобра трка сезонава според фановите

Читај повеќе

Игуаин потпиша за Интер Мајами

Читај повеќе

Ако Шкендија приреди чудо со Тотенхем, ќе има полесна задача во плеј-офот

Читај повеќе
  • play_arrow

Фернандеш е играч на сезоната во Манчестер Јунајтед

Читај повеќе