Познати првите десет земји кои стигнаа до финалето на Евровизија

Синоќа во арената PalaOlimpico во Торино се одржа првото полуфинале на Евровизија каде настапија 17 изведувачи, а десет од нив се пласираа во финалето кое ќе се одржи на 14 мај.

Десет земји стигнаа до финалето, а на 14 мај во Торино повторно ќе ги видиме Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Првата полуфинална вечер на овогодинешниот Евросонг во Торино ја отвори Албанија, а нивната претставничка Ронела Хајати ја изведе песната „Secret“ и доби громогласен аплауз. По Албанија, следуваа настапите на натпреварувачите кои се бореа за финалето кое ќе се одржи на 14 мај.

URL

Само пет изведувачи синоќа пееја на мајчин јазик, а тоа се претставниците на Словенија, Украина, Летонија, Холандија и Исланд.

URL

Најголемо внимание привлече настапот на Украина, а земјата разурната од војна ја претставува оркестарот Калуш со песната „Stefania“. За време на настапот во арената во Торино се слушаа извици на поддршка, а во публиката беа забележани и голем број украински знамиња. Според обложувалниците, Украинците имаа најголеми шанси за пласман во полуфиналето, дури 95 отсто.

На првата полуфинална вечер настапи и претставник на Хрватска. Миа Димишиќ ја изведе песната „Guilty Pleasure“ и за жал не обезбеди пласман во финалето на својата земја. Хрватска последен пат беше во финалето на Евровизија во 2017 година кога на ова престижно натпреварување беше претставена од Жак Ходек.

URL

Во втората полуфинална вечер ќе настапат претставници од 18 земји, меѓу кои нашата претставничка Андреа и претставниците на Србија и Црна Гора.

Финалната вечер на Евровизија 2022 година ќе се одржи во сабота на 14 мај, а веќе се познати дел од финалистите.

URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе