Му се заканува катастрофа

Познати првите информации за повредата на Ноле и колку ќе отсуствува

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда на тетивата мораше да се откаже од дуелот на Австралија опен, а сега му претстои нешто подолга пауза.

Ѓоковиќ се повлече поради повреда во полуфиналето на Австралија опен и дуелот против Александер Зверев. Во таа прилика го загуби првиот сет, а потоа мораше да се повлече, оставајќи ја неутешната публика разочарана на трибините, а наиде и на бројни свирежи.

За да се оправда, Ѓоковиќ јавно објави рендген на кој се гледа јасно оштетување на тетивата. Сега се појавија и првите информации за состојбата на повредата.

Љубителите на тенисот веројатно ќе треба да чекаат подолго за повторно да го видат Ѓоковиќ на теренот. Последните информации велат дека српскиот тенисер би требало да отсуствува најмалку два месеца, а можеби и повеќе.

ESPN објави уште потешка информација за сите негови фанови. Според Крис Фаулер од ESPN, кој се консултирал со аналитичарот за спортски повреди, Марти Харамиљо, Ѓоковиќ можеби нема да се врати до вториот Грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос, кој започнува кон крајот на мај.

Тоа би било целосна катастрофа за Ѓоковиќ, кој исто така би ги пропуштил турнирите од Мастерс 1000 на почетокот на годината. Во неговите доцни играчки години, прашање е како ќе реагира неговото тело по нешто подолга повреда и опоравување.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Тенис

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Read more

Гледач ја навредуваше Ига Швјонтек на тренинг, тенисерката доби дополнително обезбедување

Read more

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Read more

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе