Познато кога ќе биде претставен новиот Nissan Z
Премиерното претставување на долгоочекуваниот наследник на спортските модели на Nissan од Серија З ќе се одржи во Њујорк.
Од Nissan официјално потврдија дека продукциското издание на долгоочекуваното спортско купе од Серија З ќе биде претставено на 17 август, а последните објавени фотографии покажуваат како ќе изгледа новата генерација на моделот.
Сè уште не се објавени техничките спецификации, но се знае дека ќе го движи трилитарски V6 мотор кој со асистенција на два турбополначи ќе развива околу 400 коњски сили.