Škoda наредната година ќе ја претстави четвртата генерација на популарниот модел Fabia.
Fabia ќе биде претставена на новата MQB AO платформа која ја користат и Audi A1 Sportback, SEAT Ibiza и Volkswagen Polo.
Дизајнот ќе биде инспириран од кросоверот Kamiq, а ќе позајмат и некои детали од Scala и Octavia.
Ќе бидат направени и промени во внатрешностa за да бидат во чекор со актуелните модели од Volkswagen Group.
Fabia нема да има електричен модел така што остануваат познатите мотори, но без дизел мотор во новата понуда. Ќе биде понуден поевтин атмосферски трицилиндричен мотор и трицилиндричен TSI мотор.
Со преминување на новата платформа подразбира дека ќе понудат модел со многу подобри перформанси и комфор.