Од Samsung ќе претстават неколку уреди, а речиси за секој од нив се објавени информации. Меѓу нив е и Galaxy Watch 4 кој се очекува наскоро.
Како што пишуваат јужнокорејските медиуми, Samsung на 11 август ќе го одржи настанот Unpacked на кој ќе го претстави новиот паметен часовник Galaxy Watch 4.
И претходните неколку години компанијата го одржуваше овој настан во првата половина на август, но најчесто беше претставена серијата Galaxy Note.
На истиот настан освен Galaxy Watch 4 би требало да бидат претставени новите смартфони од серијата Z, како и Galaxy Buds 2 слушалки.