Правосудството одобри телото на Марадона да биде префрлено во мавзолејот

Макфакс/Кајгана
/ 02.10.2024 / 17:42

Аргентинското правосудство го одобри префрлањето на посмртните останки на Диего Марадона, кој почина во 2020 година, во идниот мавзолеј, на барање на неговите деца, кои сакаат да им олеснат на сите оние што ќе сакаат да му одадат почит на Идолот на Аргентина.

Одлуката доаѓа во пресрет на почетокот на судењето на медицинска сестра, член на медицинскиот тим на Марадона, во врска со причините за неговата смрт и евентуалното лекарско невнимание.

Главниот претрес се води против 7 лекари: неврохирург, општ лекар, лекар на клиника, психијатар, клинички психолог и главната сестра на медицинскиот персонал. Тоа судење, по неколку одложувања, ќе започне во март 2025 година.

Медицинската сестра Жизела Мадрид, која уште од самиот почеток изјави дека само ги следела упатствата на лекарот, доби можност да ѝ се суди одделно.

Децата на Марадона сакаат посмртните останки на аргентинската фудбалска икона, која почива на приватни гробишта во Бежа Виста, предградие на Буенос Аирес, да бидат преместени во централниот кварт и пристаништето Мадеро.

На локацијата ќе има мавзолеј „Меморијал М10“ за „аргентинскиот народ и граѓаните на светот да можат да му оддадат почит на оној што беше најголемиот идол на Аргентина“, велат децата на Марадона.

Објектот треба да биде готов во 2025 година, а засега не се познати други детали.

Марадона почина на 60-годишна возраст од кардио-респираторни проблеми на 25 ноември 2020 година. Почина во болницата каде се опоравуваше по неврохируршка процедура поради хематом во главата.

Судството тогаш соопшти дека се работи за „убиство од небрежност“, што е квалификација за невнимание на лице кое не било свесно дека може да дојде до смрт. За вакво дело е предвидена казна затвор од 8 до 25 години.

реклама

Фудбал

Ракитиќ со емотивно видео потврди дека ја завршува кариерата

Read more

Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Read more

Донарума е во шок: Оди на психолог откако ненамерно му ја скрши ногата на Мусиала

Read more

L'Équipe: Меси во нов клуб до крајот на годинава

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Читај повеќе

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Читај повеќе

Сабаленка погласна од моторна пила, официјално најгласна тенисерка во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракитиќ со емотивно видео потврди дека ја завршува кариерата

Читај повеќе

Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Читај повеќе

Прв пат дури 7 тима учествуваа во трејд, некои поминаа многу добро

Читај повеќе

Донарума е во шок: Оди на психолог откако ненамерно му ја скрши ногата на Мусиала

Читај повеќе

L'Équipe: Меси во нов клуб до крајот на годинава

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ заработува милиони, но ништо не го радува како коњите

Читај повеќе