Празничен рецепт: Направете совршена сарма за Божиќ

Сармата е традиционално јадење кое често се наоѓа на зимската празнична трпеза.

Ова јадење се состои од кисела зелка во која се завиткува мешавина од мелено месо, ориз и зачини. Мешавината може да вклучува свинско, говедско месо или мешавина од двете, со бибер, сол и често пушена сланина или колбас за дополнителен вкус. Сармата се готви на тивок оган во богат сос или со додаток на чадено месо, што на јадењето му дава карактеристичен и богат вкус.

Подготовката на сармата може да варира во зависност од регионалните традиции и семејните рецепти, а јадењето најчесто се служи самостојно, со пире од компири или со леб. Сармата е особено популарна во зимските месеци бидејќи е хранливо богата и дава чувство на топлина и ситост, што ја прави идеална за студените денови.

За да подготвите традиционална божиќна сарма, типично јадење популарно во целиот регион, потребни ви се неколку состојки.

Состојки

Кисела зелка (околу 20 листови)

500 гр мешано мелено месо (свинско и говедско)

100 гр ориз

1 голема главица кромид

2 чешниња лук

Сол, бибер и други зачини по желба

Чадена сланина или колбас по желба

Пире од домати или сок од домати

Подготовка

Подгответе ги листовите зелка: Ако користите кисела зелка, добро измијте ги листовите за да се намали киселоста. Ако листовите се премногу големи или премногу дебели, може да ги исечете.

Подгответе го филот: На малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека не стане стаклен. Додадете го сечканиот лук, па меленото месо и пржете додека месото не порумени. Измешајте ги во измиениот ориз, зачините, солта и биберот и гответе неколку минути. Смесата нека се излади малку пред да почнете со виткање на сарамата.

Виткање: На секој лист ставете соодветна количина фил, завиткајте го и секоја сарма ставете ја во длабок сад или тенџере. Обидете се да ги редите цврсто сармите една до друга за да не се распаднат при готвењето.

Готвење: Наредете парчиња чадена сланина или колбас преку наредената сарма за дополнителен вкус. Одозгора се става домат или сок од домати. Сармите се варат поклопени на тивок оган околу 2-3 часа.

Тагови
реклама

Секс поза „перек“ – дали би ја пробале?

Read more
Чарли Ханам како крал Артур во „King Arthur: Legend of the Sword“

Чарли Ханам како крал Артур во „King Arthur: Legend of the Sword“

Read more

Слушнете ја песната со која децата од „Дајте музика“ ќе настапат на Детската Евровизија

Read more
Атлетико без Јан Облак во наредните три месеци

Атлетико без Јан Облак во наредните три месеци

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Read more

Куглоф со гриз и јаболка: Сочен и миризлив десерт кој сите го сакаат

Read more

Откриен начин како да сварите совршено варено јајце - требаат дури 32 минути

Read more

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Read more
 

Магазин

Симптом на рак на желудникот кој повеќето луѓе го игнорираат

Читај повеќе
  • filter

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Читај повеќе

Што треба да јадете секој ден за побрз метаболизам?

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ги ставате во микробранова

Читај повеќе

Зошто Денот на вљубените се слави на 14 февруари?

Читај повеќе

Кардиолог предупредува на тивок срцев удар: Суптилни знаци на кои треба да се внимава

Читај повеќе
  • play_arrow

Скриена камера: Достава на пратка среде аутопсија на вонземјанин

Читај повеќе

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Читај повеќе