Пред 100 години Никола Тесла детално опиша како би изгледал паметниот телефон

Никола Тесла е еден од најголемите научници на преминот од 19-тиот во 20-тиот век, најпознат по неговиот придонес во проектирањето на модерниот електроенергетски систем на наизменична струја.

Тој беше физичар, машински и електроинженер, пронаоѓач и футурист и можеше да се пофали со речиси едетична меморија. Тој зборуваше осум јазици и имаше 300 патенти до крајот на својот живот. Неговото наследство доживеа големо заживување во последниве години бидејќи името Тесла стана „технолошка мода“ што се користи за именување на позната компанија токму затоа што неговите предвидувања за моќта и комуникацијата се остварија.

Имено, во интервјуто со Џони Б. Кенеди за списанието Collider, објавено на 30 јануари 1926 година, еден цитат покажува колку Тесла бил пророк кога станува збор за развојот на технологијата. Во интервјуто од пред 98 години, тој сумирал како би изгледал модерниот паметен телефон.

„Кога безжичноста ќе се примени на совршен начин, целата земја ќе се претвори во огромен мозок, каков што навистина е, и сите нешта се честички на вистинска и ритмичка целина. Ќе можеме веднаш да комуницираме меѓу себе, без оглед на оддалеченоста. И не само тоа, туку преку телевизија и телефонија ќе можеме совршено да се гледаме и слушаме како да разговараме лице в лице. Инструментите со кои ќе можеме да го направиме тоа ќе бидат неверојатно едноставни во споредба со нашиот сегашен телефон. Човек ќе може да го носи во џебот од елекот“, пренесува Big Think, а целото интервју за магазинот Collier е во дигиталната архива на The Library of Consciousness.

реклама

Јокиќ го постигна најлудиот кош во кариерата и направи подвиг на кој се чекаше од 1963

Read more

Турците знаеја сè: Како ѕвездите се усогласија за бунтовниците да го соборат Асад?

Read more

Чоколадните шишарки ќе ја збогатат празничната трпеза

Read more

Џеј Ло секси издание во кујна

Read more

Наука

Големо научно откритие за Венера - „лошата близначка“ на Земјата

Read more

Археолошко богатство најдено во термални бањи во Тоскана

Read more

Како луѓето ја поместија Земјината оска на ротација?

Read more

Зошто напредните роботи сè уште имаат проблеми со едноставни задачи?

Read more
 

Гик

По повеќе од 3.350 години реконструирано лицето на еден од најмоќните египетски фараони

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали можеш да го победиш Жан-Клод Ван Дам?

Читај повеќе

Google го претстави GenCast, AI модел за временска прогноза

Читај повеќе

Кинеските војници стануваат речиси невидливи

Читај повеќе

Тајните на подемот на диносаурусите се кријат во нивниот фосилизиран измет

Читај повеќе
  • filter

Polyphony Digital подготви бесплатна верзија на игрицата Gran Turismo

Читај повеќе

Големо научно откритие за Венера - „лошата близначка“ на Земјата

Читај повеќе

Ништо од поддршката за Windows 11 на постарите уреди

Читај повеќе

Perplexity Pro – една од најнапредните AI алатки за пребарување, достапна бесплатно една година за сите Телеком корисници

Читај повеќе