Пред и потоа: Неверојатни трансформации со шминка
Рускиот мејкап артист Вадим Андреев е чудотворец во областа на шминката и фризурата на неговите клиенти. На неговиот Instagram профил тој често објавува неверојатни трансформации за кои вели дека создава „ефект на Пепелашка“.
Пред и потоа фотографиите прикажуваат магична трансформација која на луѓето им дава чувство на свежина и убавина.
„Со овие фотографии сакам да покажам дека секој изгледа различно и да ја изразам убавината на различни начини“, вели Вадим за Bored Panda.