Предлог за читање: „Со затворени очи“ – Џош Малерман

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 19.06.2020 / 14:26

Книгата „Со затворени очи“ е македонско издание на Антолог на светскиот мегахит „Bird Box“ од Џош Малерман, објавен во 2014 година. Во 2018 година е направена истоимена филмска адаптација со Сандра Булок во главната улога, но треба да знаете дека филмот не ја доловува оригиналната возбуда што ја доживува читателот низ дејството на книгата и меѓу нив има значителни разлики.

За романот може да се каже дека припаѓа на неколку жанрови, трилер со хорор елементи, апокалиптична и постапокалиптична фикција, мистерија. Досега има добиено прилично голем број позитивни рецензии и препораки, и тоа сосем заслужено. Многу критичари го споредуваат Малерман со Стивен Кинг и Џонатан Керол.

Дејството се случува во САД, во време кога низ светот почнуваат да се случуваат чудни трагични настани за кои никој нема објаснување. Луѓето вршат убиства и самоубиства откако ќе видат нешто или некого што е необјасниво да се опише, нешто што е неразбирливо за човечкиот мозок. Нешто што секој човек кога ќе му упати само еден поглед може да го доведе до лудило кое резултира со одземање на сопствениот живот, но и туѓиот. Сите настани ги дознаваме од перспективата на Малори, која е мајка на две деца, Момче и Девојче, научени од бебиња да ги затвораат очите пред невидливиот непријател. Веќе 4 години Малори се бори за нивното преживување, доживувајќи низа трагични настани. Децата се нејзиниот свет, а нејзината единствена цел е да ги однесе на безбедно место. Кога ќе реши дека е време за тоа, патувањето низ опасната река е со затворени очи, со превез ставен на лицето. Нејзиниот страв дали децата ќе го издржат сето ова, дали ќе останат со превез на очите, хистеријата и паранојата, стравот со кој сите тројца се соочуваат создаваат неверојатно доживување кај читателот. Верувајте, нема да може да ја оставите книгата додека не го дознаете крајот.

Опасната река е само еден од многубројните стравови на Малори чиј хорор лично го доживуваме поради нешто невидено и неопишано. Патувањето го води според тренираниот слух на децата, чија главна задача е да слушаат и распознаваат звуци и движења. 

Ако досега не сте читале книга од овој жанр тогаш ова дефинитивно ќе биде најстрашниот роман што сте го прочитале во животот. Истовремено и највозбудливиот. Претставата за невидливиот непријател кој е виновен за крајот на човештвото едноставно ќе предизвика кај вас мешани чувства и ќе ве натера да размислите малку повеќе за светот во кој живееме денес.

Интересно е тоа што книгата ќе добие продолжение со наслов „Малори“ и ќе биде објавено на 21 јули годинава. Ако досега не сте ја прочитале „Со затворени очи“, тогаш сега е вистинското време за добра книга.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе