Предлог за посна слава: Сарми полнети со зеленчук

Посните сарми може да се направат на различни начини, но пробајте ги со различен зеленчук, сочни се и лесни.

Овој рецепт ќе ви се најде и тоа како доколку имате посна слава или именден. Одличен е за малку да ја размрдате празничната посна трпеза која секоја година изгледа иста.

Потребни состојки:
  • 5 стракови праз
  • 4 кромиди
  • 3 моркови
  • 400 гр ориз
  • 1,5 лажица сол
  • 1,5 лажици толчена црвена пиперка
  • 1 лажичка бибер
  • 3 листа ловор
  • 2 кисели зелки
  • 1 лажица мелена пиперка
  • 1 лажичка мешавина од суви зачини
  • масло
  • вода
Подготовка:

Прво исчистете ја зелката, како што правите за секоја сарма. Зеленчукот ситно исечкајте го. Прво малку пропржете го на суво, па додадете масло и пржете на тивок оган. Додадете го оризот и динстајте уште 10 минути, додека полека додавате малку вода, најмногу до 100 мл. Додадете ги сите зачини и на крај мелената пиперка и убаво измешајте.

Тавата подмачкајте ја со масло и наредете ги листовите зелка. Виткајте ги сармите ставајќи по 1 лажица фил по лист. Наредете ги во тавче. Распоредете ги ловоровите листови, па одозгора повторно наредете ги виткани сарми. Покријте со неколку големи листови зелка.

Додадете вода да ги покрие сармите и варете неколку часа на тивок оган. Послужете и уживајте.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Рецепти

Совети за почетници во кујната: Како да зготвите риба?

Read more

Традиција на чинија: Кадаифот е десерт кој внесува крцкавост и сочност во секој залак

Read more
Како да направите песто сос?

Како да направите гурмански песто сос?

Read more

Како правилно се става хартија за печење во фритеза на топол воздух?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најглупавите мегапроекти во светот

Читај повеќе

Зошто треба да поминуваме повеќе време на дневна светлина?

Читај повеќе

Колку треба да спиете за да ви се опорават мускулите после вежбање?

Читај повеќе

Дали стана „кул“ да се биде трезен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совети за почетници во кујната: Како да зготвите риба?

Читај повеќе

Кои сѐ народи ја слават Старата нова година?

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци нема да имаат финансиски грижи почнувајќи од 2026 година?

Читај повеќе

Како да проверите дали медот што го купувате е навистина вистински?

Читај повеќе
  • play_arrow

Една топла нијанса ќе ги освои ентериерите во 2026 година, следејќи ги модните брендови

Читај повеќе