Предлог што да подготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
4 свински шницли
250 мл павлака за готвење
350 г рендан кашкавал
1 коцка за супа
250 мл бело вино
Малку коњак
2 лажици масло
2 лажички нане
Сол и бибер
Магдонос
Начин на подготовка:
Ставете ги шницлите во коњак и нека отстојат преку ноќ, а ако сакате да ги правите за ручек, може да отстојат и 3-4 часа.
Премачкајте ги со сол и бибер, пропржете ги на малку масло. Префрлете ги во тава. Растопете го путерот и додајте вино и коцка путер, па варете околу 5 минути.
Во виното додајте павлака за готвење, кашкавал, магдонос, нане. Преку шницлите прелијте го сосот од павлака и нане, па ставете ги да се печат околу половина час на 180 степени.
Со шницлите може да послужите ориз или пире.