Во екот на новогодишните празници ги ставаме на пауза умереноста во јадење и пиење, а сигурно и поминуваме повеќе време со шминка на лице на дневни и вечерни забави.
Мрсната храна, алкохолот, цигарите и уморот оставаат трага на нашата кожа и треба да ѝ посветиме посебна нега за да ги намалиме штетните последици.
Овие домашни маски за лице ги имаат токму тие својства да ја освежат и исчистат кожата, а состојките сигурно ги имате во вашата кујна.
Маска со авокадо
Половина авокадо
1 лажица цврст јогурт
1 лажица мед
Маска со овесна каша
1 лажица мелени овесни снегулки
1 лажица сок од лимон
1 белка од јајце
Маска со киви
2 киви
2 лажици цврст јогурт
1 лажица свежо цеден сок од портокал
1 лажица маслиново масло
За сите три маски треба да ги помешате состојките во неметален сад, а потоа нанесете ги на лицето директно или преку газа и оставете ги да отстојат 20 минути. Потоа исплакнете ја кожата со млака вода и ставете хидратантна крема за лице.