Преговарачката рамка за Северна Македонија вчера предадена во Советот на ЕУ

Европската Комисија (ЕК) вчера ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до Советот на ЕУ, содржината на рамките се објавува само откако таа ќе биде усвоена од страна на земјите членки во Советот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Преговарачките рамки се позицијата на Европската Унија во преговорите за членство. Европската комисија поднесува нацрт рамки до земјите членки, кои треба да ги усвојат по евентуални модификации.

– Денеска се одбележува уште еден важен чекор на патот на Албанија и Северна Македонија кон Европската Унија, стои во писмената изјава на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Рамките се поделени на три дела: водечките принципи на пристапните преговори, суштината на преговорите и преговарачката процедура, со цел да се обезбеди целосно спроведување на европското законодавство и неговите принципи во законските рамки на земјите кандидати.

Конкретно, фокусот на овие рамки е врз владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и јавната администрација, како и економијата, а се предвидува „посилен политички двигател“ на процесот како и подинамичен ритам на преговорите преку групирањето на поглавјата за преговори во тематски кластери.

– Со нетрпение ги очекувам дискусиите помеѓу земјите членки за да се одржат што е можно побргу првите меѓувладини конференции со двете земји. Нивната иднина јасно се наоѓа во Европската Унија и уверен сум дека тие ќе продолжат да ги исполнуваат реформите на патот кон ЕУ, како што досега тоа го правеа, изјави Вархеји.

 

Според дипломатите во Брисел, не се очекува првата меѓувладина конференција пред крајот на оваа година. Земјите членки би требало да разговараат за проширувањето од септември, со оглед на тоа дека летото ќе биде целосно посветено на обидот да се пронајде компромис за излез од економската криза на ЕУ и иднината на нејзиниот буџет.

Во преговарачката рамка за Северна Македонија, јазикот е македонски.

Министерот за надворешни работи во заминување, Никола Димитров, го поздрави предавањето на рамките на првиот ден од германското претседателство со ЕУ.

– Мислам дека има убава симболика што ЕК ја заврши својата задача врз основа на одлуката од март, токму на 1 јули, денот кога претседавањето со Советот на ЕУ го презема Берлин и јас сум убеден дека како што беше за нас историско хрватското претседателство, така ќе биде и Германското претседателство и заедно со германската поддршка во следниве месеци ќе ја отвориме првата Меѓувладина конференција, изјави Димитров.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе