СЕРИЈА А 2024/2025

Прекинат мечот Фиорентина - Интер, колабираше Едоардо Бове

Филип Здравески
/ 01.12.2024 / 18:38

Играчот на Фиорентирна се онесвести додека играта беше во прекин и е пренесен во болница.

Во 16-тата минута Лаутаро Мартинес постигна гол на асистенција на Дензел Думфрис, но главниот судија го поништи оти топката излегла во аут пред Думфрис да ја упати кон Лаутаро.

Додека се чекаше ВАР да провери дали навистина топката со цел обем излегла во аут и на преносот се вртеше репетиција од сиомнителниот момент, Едоардо Бове загуби свест и падна на тревата на „Артемио Франки“.

Играчите на двете екипи веднаш се стрчаа да му помогнат, како и лекарските екипи. Се направи обрач околу него за да не снима публиката со мобилни.

Откако Бове без свест беше пренесен во амбулантното возило, кое поради икс причини не дојде до местото каде што фудбалерот на Виола лежеше без свест туку мораа лекарите на носилка да го однесат до него. Штом беше пренесен во болница судијата Даниеле Довери ги испрати фудбалерите во соблекувалните.

Серија А соопшти дека натпреварот дефинитивно е прекинат и денеска нема да продолжи.

Во меѓувреме SkySport објави дека Бове се освестил во болницата „Кареџи“ и дише самостојно.

Едоардо Бове има само 22 години. Роден е во Рим и кариерата ја почна во Рома, од каде летоска дојде во Фиорентина на позајмица. Игра во средниот ред и е младински репрезентативец на Италија.

реклама

Фудбал

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Read more

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Read more

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Read more

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе