Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Премиера на претставата „Парови“ ќе се одржи денеска (18 мај) во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар во Скопје.

На вчерашната прес-конференција за претставата говореа режисерката Ивана Ангеловска, авторката Ана Ристоска-Трпеноска и дел од актерската екипа.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите се на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев, дизајнот на постерот е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

Улогите ги играат актерите на Драмскиот театар – Скопје: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вуисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

Директорката на Драмскиот театар – Скопје, Викторија Рангелова-Петровска, на прес конференцијата направи осврт на традицијата на Драмски во поддршката на текстови на македонските автори, со што Драмски се издвојува и го држи приматот на национална куќа што дава најискрена поддршка со поставување на претставите на домашните автори.

Новата премиера на Драмскиот театар, која е воедно и праизведба на драмскиот текст „Парови“ од авторката Ана Ристоска-Трпеноска. „Должна сум да посочам на улогата на Драмскиот театар во промоција на македонски драмски автори и на македонското драмско писмо. Драмскиот театар од самиот свој почеток, во сите три негови развојни фази, од Куклено-детски театар преку Младинско-детскиот театар и на крајот Драмскиот театар во програмската политика искрено се залагал за промоција на македонски автори и на домашното драмско творештво“. На самиот почеток на репертоарот на куклено-детската сцена во периодот од 1946 до 1960 година се поставуваат дела создадени од Петре Прличко, кој се потпишува под оригинални детски пиеси и прави театарски адаптации на Дизниевите филмови за деца, како авторите што одбележаа значаен дел од македонската книжевност, како Славко Јаневски („Шумска дружба“, „Шеќерното дете“), Ванчо Николевски („Горски суд“) и Александар Алексиев („Немирници“). Во периодот од 1960 до 1970 следува интензивна промоција на битовата драмтургија претставена преку Ристо Крле („Парите се отепувачка“), Васил Иљоски („Бегалка“, „Свадба“) за да продолжи со промоција на поствоени автори, кои од докажани прозаисти добиваат можност на сцената на Драмскиот театар да го преточат својот театарски обид во успешна театарска приказна, а тоа се авторите: Томе Арсовски („Александра“, „Бумеранг“), Коле Чашуле („Партитура за еден Мирон“), Милан Ѓурчинов („Богомилска балада“), Симон Дракул („Немирна рудина“), Петре М. Андреевски („Богунемили“), Оливера Николова („Земја во која не се стигнува“), Георги Сталев („Болен Дојчин“), Богомил Ѓузел („Адам, Ева и Јов“). Од 1970 почнува златниот период на Драмскиот театар, кој исклучиво се должи на претставите работени на домашни автори, како Горан Стефановски со „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Кула вавилонска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Демонот од Дебар Маало“, „Огнени јазици“ итн. Јордан Плевнеш („Еригон“, Р, „Југословенска антитеза“, „Слободен лов“, „Последниот маж“, „Последната жена“), Русомир Богдановски („Пангуриј“, „Чудото на св. Ѓоргија“) и комедиографот Миле Поповски („Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“), кои соработуваат како тандеми со режисерите Слободан Унковски, Љубиша Георгиевски и Коле Ангеловски. Од 1990 година, покрај овие веќе етаблирани автори, со кои театарот ја продолжува соработката и во годините што следуваат, Драмскиот театар ја отвора вратата и се залага за промоција на новата генерација драмски автори и драматурзи, како Жанина Мирчевска („Шуави ап“, „Есперанца“), Сашко Насев („Чија си“, „Грев или шприцер“), Југослав Петровски („Вазна од порцелан“), Дејан Дуковски („Друга страна“) и Венко Андоновски („Словенски ковчег“, „Кандид во земјата на чудата“).

Во последните децении Драмски театар на театарската сцена ги поставува исклучиво дела на млади македонски драмски авторки како Жанина Мирчевска (Ждрело), Благица Секуловска (Безљубни), Миа Николовска (Така зборуваше Гертруда) како и адаптации и драматизации испишани од жени драматурзи, работени по прозни дела на македонски авторки како што е случајот со Мојот маж од Румена Бужаровска. Праизведбите и соработката на Драмски театар во последниве години не е тенденциозно условена во соработка со жени автори, таа е природно поставена. Не занам дали ви е познато но последните генерации на школувани драматурзи се исклучиво жени. Женскиот драмски ракопис е доминантен.
Зошто ја правам оваа историска ретроспектива на улогата на Драмски театар во дефинирање на македоската драматургија, ја правам за да ја потенцирам улогата на Драмски театар во одржување на континуитетот на македонското драмско писмо и тоа со праизведби со што ја докажува вербата во новите автори. Ја потенцирам улогата на Драмски театар преку кој се дефинираат театарките животи на најголемите македонски драмски автори. Драмски театар е институцијата која отвара врата и искрено и несебично вложува во промоција на македонското драмско творештво и во македоските автори.

Девизата на Ристо Стефановски дека без македонска драма нема театар, беше и остана една од примарните задачи на повеќе или помалку секој раководител на Драмски театар. За таа цел од оваа година Драмски театар започнува со реализација на конкурс за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години а наградата го носи името Горан Стефановски.

И таа доминација на жените автори и денес е тука и е претставена преку Ана Ристоска Трпеноска со чие дело Парови во сабота навечер ќе се претстави пред македонската публика. Во реализација на нејзиното дело се вклиучија режисерката Ивана Ангеловска, сценографот Костадин Трпеноски, композиторот Ади Имери, изборот на костими го изготвија Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев и актерската екипа составена од искусни актери на Драмски и новата снага и тоа: Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Лазар Христов и Ирена Ристиќ која се извинува за неприсуството и е отсутна од оправдани причини. Оваа актерска екипа е заслужна за заокружување на театарскиот проект во целина, без нивната комплетна посветеност заокружувањето на процесот ќе беше неможен. Со тоа како и многупати до сега уште еднаш се потврдува дека актерскиот ансамбл на Драмски театар е неверојатна движечка сила“.

Авторката Ана Ристоска-Трпеноска во драмскиот текст промислува на современ јазик и го поставува прашањето:

„Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?

Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет.

Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида.

Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ.

Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“.

реклама

Откриен потонат брод стар 3.300 години, со стотици недопрени амфори

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Македонка загина во тешка сообраќајка во Грција

Read more

Култура

Отворен повик за мобилност на млади таленти од Западен Балкан на филмски фестивали

Read more

Објавен потесниот круг за регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“

Read more

Почесна „Златна рамка“ за Тони Михајловски, Владимир Анастасов и Марина Колоска

Read more

Златна рамка од 18 до 20 јуни во МКЦ: Нови македонски филмови, презентации, трибини

Read more
 

Вести

Цените на нафтата се зголемија до 86 долари за барел

Читај повеќе

Сончево време со температури до 40°C, в понеделник краткотраен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Како снема струја на Балканот?

Читај повеќе

Пресуда против најбогатото семејство во Велика Британија

Читај повеќе

Барселона планира да забрани изнајмување станови на туристи

Читај повеќе

Град Скопје: Не сме надлежни за постапување во случаите со змии

Читај повеќе

Македонка загина во тешка сообраќајка во Грција

Читај повеќе

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Читај повеќе

Путин ѝ се закани на Јужна Кореја

Читај повеќе