Премиерката на Италија дочека да се реваншира: Јас сум кучката Мелони, вие како сте?

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна во регионот Кампанија каде се сретна со бројни официјални лица, меѓу кои и претседателот на регионот на кого му се одмазди за неодамнешните навреди.

Имено, на почетокот на 2024 година, претседателот на овој регион, Винченцо Де Лука, ја прозва премиерката на Италија за блокирање на одредени средства за овој регион.

Меѓу другото, Де Лука се осврна и на тогашната изјава на премиерката која рече дека сите треба повеќе да работат за доброто на државата, наместо да демонстрираат.

„Овој став е неподнослив, стотици градоначалници пристигнаа овде затоа што немаат пари за обична административна работа. Работи ти, кучко“, рече тогаш Де Лука.

Неколку месеци подоцна, Мелони го виде моментот за реванш. Гувернерот на регионот ја пречека во градот Каивано, а Мелони го поздрави на прилично необичен начин.

„Претседателе Де Лука, јас сум кучката Мелони. Вие како сте?“, му рече премиерката, со сериозен израз на лицето и продолжи да се поздравува со присутните.

Remote video URL

Мелони последните неколку недели ги помина доста политички активно, имајќи предвид дека во тек се последните подготовки за изборите за ЕУ, кои ќе се одржат на почетокот на јуни во Европската Унија. Токму Мелони и нејзината партија Италијански браќа сакаат да постигнат значително подобар резултат што би ѝ помогнал на европската десница целосно да ја преземе власта во Брисел.

реклама

Свет

Советот на ЕУ поддржа формирање база на таленти: Ќе се олесни вработувањето лица од трети земји

Read more

Утврдена голема лага во истрагата за несреќата на Titan: Сè е измислено

Read more

Флотата на руската морнарица пристигна во Куба

Read more

Г7 испраќа 50 милијарди долари профит од замрзнатите руски средства во Украина

Read more
 

Вести

  • filter

Диво месо на Албанскиот театар, штипската Лекција и Натчовек на Драмски театар од Варна на претпоследниот ден на фестивалот

Читај повеќе

Изведба на танцовиот дует LOUNGE на Марга Алфејрау, Мириам Лукас и Мириана Бененге на Викендот на гордоста

Читај повеќе

Со прогласување на наградените и проекција на Златната треска на Чарли Чаплин се затвора 14. Филозофски филмски фестивал

Читај повеќе

Советот на ЕУ поддржа формирање база на таленти: Ќе се олесни вработувањето лица од трети земји

Читај повеќе

Цената на мазутот се зголемува, бензините и дизелот остануваат непроменети

Читај повеќе

Утврдена голема лага во истрагата за несреќата на Titan: Сè е измислено

Читај повеќе

Заев и Ципрас: Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија

Читај повеќе

Флотата на руската морнарица пристигна во Куба

Читај повеќе

Г7 испраќа 50 милијарди долари профит од замрзнатите руски средства во Украина

Читај повеќе