Прес на Роналдо од 132 секунди, ја здувна по прашањето за Јунајтед

По натпреварот против Гана во 1. коло од групната фаза на Светското првенство, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо зборуваше на прес-конференција која траеше нешто повеќе од две минути, а европските медиуми пишуваа дека толку време му требало да се смести, да го искоментира натпреварот, да го слушне првото прашање и да излезе од просторијата.

Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот по триумфот на неговата Португалија од 3:2, а европските медиуми објавија дека неговото појавување на прес-конференцијата траело 132 секунди и дека почнал да ниша со главата откако слушнал прашање за Манчестер Јунајтед.

„Важно е што победивме. Го добивме првиот натпревар, сакам да му помогнам на мојот тим, а ова беше прекрасен момент, моето петто светско првенство. Победата ни е многу важна и знаеме колку е важно да ги отвориме овие натпреварувања. Па, горд сум и на светскиот рекорд бидејќи станав единствениот играч кој постигнал гол на пет светски првенства“, рече Роналдо.

После тоа, речиси очекувано, му беше поставено прашање за Манчестер Јунајтед, а откако накратко одговори што има, стана и ја напушти салата во која се одржуваше прес-конференцијата.

„Тоа поглавје е затворено оваа недела. Таа приказна е завршена и сакам нов добар почеток“, изјави Роналдо, кој не беше среќен откако го слушна прашањето за сега веќе поранешниот клуб.

Потсетуваме, Роналдо на почетокот на неделава го раскина договорот со Манчестер Јунајтед откако пред Светското првенство во Катар жестоко го критикуваше тимот од Олд Трафорд и изјави бројни негативни работи за клубот.

Дополнително, тој додаде дека нема почит кон менаџерот Ерик тен Хаг, по што беше јасно дека неговата втора шанса со „црвените ѓаволи“ е минато.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе