Преслатка реакција на маче кога за првпат ќе види снег
Мачето Хејзел, старо 6 месеци, овие денови за првпат виде снег, а неговата реакција стана хит на интернет.
На прв поглед изгледа како Хејзел да се плаши од снегот, но кога подобро ќе се запознае со неговата текстура, почнува да скока од радост и да си игра во снежната белина.
Со оглед на тоа што ова маче живее во градот Данкан, Канада, за негова среќа, ќе може подолго време да ужива во зимската идила.