Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Половните автомобили веќе поскапеа за околу 25 отсто, поскапеа и новите автомобили, а најавените европски правила се закануваат да доведат до ново поскапување.

Како што предупредува студијата на Здружението на производители на автомобили на Европа (ACEA), новата регулатива на ЕУ против загадувањето на животната средина ќе предизвика зголемување на трошоците за производство на автомобили, автобуси и камиони.

Во студијата конкретно се наведува дека цената на производството на автомобили во просек ќе се зголеми за 2.000 евра, а на автобусите и камионите за дури 12.000 евра.

Како ќе се прелее до крајниот купувач сè уште никаде не е јасно наведено, но да потсетиме дека минатата година Renault и Volkswagen направија анализа и заклучија дека оваа промена на правилата може да ги зголеми цените за клиентите од 1.000 на 5.000 евра.

„Иницијативата Еуро 7 стандард ќе има многу мало влијание врз животната средина, по исклучително висока цена“, оценуваат од Здружението.

Здружението во суштина се повикува на предлогот претставен во ноември минатата година, кој се фокусира на супстанции кои се штетни по здравјето на луѓето, а не на емисиите на јаглерод диоксид.

Најниските вредности на емисија според претходниот стандард ќе бидат задолжителни за автомобили и комбиња, додека посебни ограничувања ќе бидат поставени за автобусите и камионите.

„Оваа иницијатива веројатно ќе има исклучително низок корисен ефект врз животната средина, додека трошоците ќе бидат исклучително високи. Ова ќе влијае на потрошувачите во форма на високи цени за автомобили и други возила“, рече Сигрид де Вриес, извршен директор на ACEA.

„Поголема придобивка за здравјето и животната средина би се постигнала со преминување кон електрични возила, со истовремена замена на постарите возила на европските патишта со високоефикасни модели Euro 6/VI“, додаде таа.

Нешто поблаги се проценките на Европската комисија

Оценувајќи го ефектот од новите правила, Европската комисија предвиде дека мерките ќе предизвикаат зголемување на цените на производството на автомобили за 180 до 450 евра за автомобили или 2.800 евра за камиони и автобуси.

Тоа е четири до десет пати помалку отколку што предвидува студијата.

Но, студијата беше поддржана од индустријата, која долго време ги критикуваше правилата како премногу скапи за производителите. Тие тврдат дека парите подобро би биле потрошени за поголемо производство на електрични возила.

„Сегашните стандарди Еуро 6 се најпрецизни и најстроги во целиот свет. Емисиите се веќе на едвај мерливи нивоа благодарение на супериорната технологија на возила“, објави Здружението.

ЕУ го постави краен рок до јули 2025 година, а во април германскиот Volkswagen побара тој датум да се премести до есента 2026 година.

Ако европските пратеници се придржуваат до првичниот рок, производството на автомобили низ Европа може да биде запрено.

Група земји од ЕУ, исто така, се против оваа одлука

Група земји од ЕУ, која ги вклучува Чешка, Бугарија, Франција, Унгарија, Италија, Полска, Словачка и Романија, заеднички се противат на новата регулатива за автомобили, велејќи дека тоа негативно ќе влијае на работните места и локалната индустрија.

„Ние се спротивставуваме на новите правила за емисиите на автомобили и комбиња бидејќи тие ќе ги одземат инвестициите од неодамна договорениот пат кон нула емисија на CO2“, велат група земји кои сега се залагаат новите стандарди да се повлечат за најмалку три години. за автомобили и пет за камиони“.

„Зелениот“ сектор, сепак, верува дека студијата поддржана од ACEA претставува „класичен страв, несигурност и сомнеж од страна на автомобилската индустрија“.

„Тие се обидуваат да ги исплашат луѓето и да ја тргнат одговорноста од себе, претставувајќи го проблемот како избор меѓу стандардот Еуро 7 и електрификацијата, иако индустријата има доволно ресурси да ги спроведе и двете. ACEA „вика ‘волк’“ со децении, нема треба да мислиме дека сега е поинаку“, рече Адријан Хил од мрежата Energy cities.

„Разликата во производствените трошоци помеѓу возилата Еуро 6 и Еуро 7 ќе биде како додавање на кожни седишта или квалитетен звучен систем на автомобилот. И не постои поефикасен начин да се спасат човечки животи“, рече тој.

Преминувањето на електрични возила ќе ги елиминира емисиите, но моторите со внатрешно согорување ќе останат на европските патишта со децении.

ACEA ќе има корист од напуштањето на стандардот Еуро 7 бидејќи нема да има трошоци за редизајн на таквите мотори за да бидат „почисти“.

Здружението од своја страна наведува дека овие пари би биле потрошени за подобрување на електромоторите.

Се проценува дека во 2050 година, цели 15 години по забраната за продажба на возила на бензин и дизел, околу 20% од автомобилите во Европа сè уште ќе имаат мотор со внатрешно согорување.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе