Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 л/м² за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 км/ч) и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15°C до 20°C, а максималната ќе достигне од 20°C до 25°C.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 л/м² за 24 часа), грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19°C, а максималната ќе достигне до 24°C.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса нови врнежи повторно се очекуваат во петок.