Претседателски волеј: Путин покажа што знае со топка
Рускиот претседател Владимир Путин, заедно со претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, како и бројни други ѕвезди учествуваа во ревијален натпревар на Црвениот плоштад во Москва.
Путин и Инфантино го изведоа почетниот удар на натпреварот помеѓу младите руски фудбалери и екипа составена од светски ѕвезди.
Путин е познат како голем познавач на разни спортови, а подеднакво добро знае да игра и со топка, па денеска преку одличен волеј и други фудбалски потези имаше прилика да ги прикаже своите вештини.