Претставата Народен пратеник се врати на сцената во МНТ

Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа се одржа премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, адаптирана и режирана од страна на Егон Савин.

Во оваа значајна премиера, на сцената се појавија актерите Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.

Режисерот Егон Савин, по подолг период, се враќа на сцената на МНТ. Ова е негова трета претстава во овој театар, а претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Од друга страна, Бранислав Нушиќ е еден од најпознатите автори кои често биле поставувани на сцената на МНТ, а „Народен пратеник“ претставува трета адаптација на оваа драма на Нушиќ. Првата премиера на оваа драма се одржала на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, додека втората беше поставена на 24 април 1993 година од страна на Димитрие Османли. Таа претстава беше една од најпопуларните и најдолговечните во историјата на МНТ, со вкупно 188 изведби, кои траеле до 2008 година.

Тимот за оваа продукција вклучува сценографот Весна Поповиќ, костимографот Роза Трајческа-Ристовска, преведувачката Загорка Поп-Антоска Андовска и дијалектната адаптација која ја направи Томислав Османли. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, додека изборот на музиката е направен од самиот режисер.

Првата реприза на претставата е закажана за 30 јануари.

Тагови
реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Култура

Програма на 15. Филозофски филмски фестивал: Проекција на филмови и разговор со Меријам Тафакори

Read more

Хуманитарна изведба на претставата Гласови од театар Чекори на Светскиот ден на театарот

Read more

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Read more

Отворен првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Read more
 

Вести

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Битолско

Читај повеќе

Разорен земјотрес го погоди Мјанмар

Читај повеќе

Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Читај повеќе

Путин: Трамп е сериозен за Гренланд, oвие планови имаат длабоки историски корени

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Одложен митингот на Вучиќ што требаше да биде „најголемиот во историјата на Србија“

Читај повеќе