Мобилни

Претставен новиот Motorola One Hyper со поп-ап камера

4. декември 2019 - 20:44 | Ф.З.

Motorola во последните неколку години експериментира со линијата телефони One која полека ја елиминира разликата помеѓу средниот и високиот сегмент, а еден од таквите модели е One Hyper.

One Hyper е во суштина евтина верзија на смартфонот OnePlus 7 Pro, има поп-ап селфи камера благодарение на која неговиот 6,5-инчен екран со резолуција од 2.340x1.080 нема ни „заб“, ни отвор.

Од Motorola наведуваат дека One Hyper поддржува „хиперполнење“ од 45W преку USB-C, едно од најбрзите на пазарот.

Што се однесува до останатите спецификации, има 4 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија, Qualcomm Snapdragon 675 процесор и батерија од 4.000 mAh.

Од Motorola уверуваат дека батеријата може да издржи 38 часа континуирана употреба. Уредот доаѓа со инсталиран оперативен систем Android 10.

Позади има две камери, главната со 64 MP, како и ултрашироката камера од 8 MP (118 степени).

One Hyper го доби вообичаениот софтвер на Motorola за камера кој вклучува темен режим (Dark Mode) и стабилизација. За селфи фотографирање се користи поп-ап камера од 32 MP.

Коментирај