Претставен робот подготвен за работа со луѓе
По 5 години развој EU Horizon2020 SecondHands успешно разви потенцијално револуционерна роботска платформа наречена ARMAR-6.
Идејата на овој проект е да се развие робот асистент кој ќе им помага на луѓето во индустриските погони и на работниците изведувајќи задачи кои обично ги извршуваат помошниците.
Тоа значи дека роботот во такви опкружувања ќе им биде од помош на луѓето, ќе им додава материјал, делови и алати за мајсторите да можат посветено да ги изведуваат посложените работи кои бараат прецизност и умешност. Со други зборови, идејата не е роботот во целост да ги замени луѓето, туку да ги олесни условите за работа.