Министерката за образование на Косово, Арбрие Нагавци, денеска престојуваше во официјална посета на земјава, но нејзиниот говор остана без нормален превод по што мораше да се обрати на англиски јазик.
По средбата со македонската колешка Мила Царовска, косовската министерка се појави на заедничка прес-конференција каде на дело ја виде македонската непрофесионалност.
Нагавци се обрати на својот мајчин албански јазик, а преводот на македонски беше толку лош што дури и таа разбра со каков преведувач си има работа, по што одлучи говорот да го продолжи на англиски, за сите да разберат.
Напомена: За да го гледате видеото, отворете го кликнувајќи Watch on YouTube.