Пријателите им помогнаа на „Ласт експедишн“ да направат спот за култната песна „Шефе“

Рокенрол бендот „Ласт експедишн“ кој опстојува на македонската музичка сцена од 80-тите, објави нова верзија со видеоспот за култниот хит „Шефе“.

 

Песната која спојува генерации рокери и алтернативци во Македонија доби видеоспот во кој бендот заедно со пријателите покажуваат како го доживуваат овој безвременски хит.

„Почитувачи на ликот и делото на ПОСЛЕДНАТА ЕКСПЕДИЦИЈА. Со особено задоволство Ви ја претставуваме новата верзија на култната песна Шефе за која се потрудивме да биде ГРАДСКА, НАРОДСКА, СВЕТСКА и не знам уште што али мислиме дека успеавме у све а патем речено 😄 да не ја оштетиме. Песната е Македонско-Американско- Канадска кооперација (копродукција) и сите ние што учествувавме во ова парче музика сме среќни и презадоволни“, напишаа од бендот на официјалната Facebook страница.

Клавијатури, микс и продукција се на Давор Јордановски, гитара – Кире Најдовски, бас – Бред Џонсон, тапани – Џо Лана Џуниор, а видео монтажа – Благоја Неделковски.

Во спотот учествуваа: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци,  Ален, Ева, Бојан, Фриц, Панки, Филип, Симона, Кети, Дарко, Александар, Сашко, Драган, Славче, Гоце, Милан, Христина, Александар, Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Зоран, Благој, Маја, Коста, Мики, Виктор, Фросина, Илија, Горазд, Дејан, Марија, Никола, Оливера, Пеце, Дејан, Бети, Филип, Мила, Влатко, Ангелина, Жарко, Горан, Анета, Кристијан, Бошко, Деко.

Претходно, во мај, бендот упати отворен повик „Сакаш да си дел од Последната Експедиција?“ во кој по примерот на големите светски бендови ги поканија фановите да се пријават за учество во снимањето на спотот со приклучување преку онлајн преку каналот Zoom.

Погледнете го видеоспотот и знаеме дека исто како нас ќе станете и ќе заиграте, каде и да сте.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе