Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Согласно препораката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп, по извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ - Прилеп, како објект за масовни приредби, известуваат од прилепскиот театар.

Тоа значи дека Народниот театар „Војдан Черондрински“ - Прилеп на неопределено време се става надвор од употреба за секаков вид на официјални театарски поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на самиот театар.

Следствено, тоа подразбира дека сите премиери, театарски постави и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време, велат од Народен театар ,,Војдан Чернодрински“.

Прилепскиот театар, во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер на публика, ја известува јавноста дека тековните активности за подготовки на претстојни премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл, остануваат во редовно дејство и ангажман.

„Театарот и Центарот за култура својата смисла на постоење ја гледаат и доживуваат само во нормална и непречена интеракција со публиката. Поради тоа, театарот и центарот за култура се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини“, нагласија од НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп и НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп во објавата на социјалните мрежи.

реклама

Култура

Бесплатен концерт на македонско-турско дуо во Даут Пашин Амам

Read more

Браќа Манаки објави повик за пријавување филмови за 46. издание

Read more

87 дела од колекцијата на МСУ-Скопје ќе бидат изложени во Љубљана

Read more

Велигденски концерт со грандиозната Голема миса во Це-мол од генијалниот Моцарт

Read more
 

Вести

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и на бензините без промени

Читај повеќе

Протест на културните работници за задоцнетите мартовски плати

Читај повеќе

Што донесе краткиот прекин на огнот во Украина?

Читај повеќе

Ќе се гради нов Скопски саем

Читај повеќе

Путин нема да присуствува на погребот на папата

Читај повеќе

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Читај повеќе

На Трамп му паѓа рејтингот

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск

Читај повеќе