Природата проголтала кинеско село, станало туристичка атракција

Напуштеното рибарско село Хоутоуван на кинескиот остров Шеншан, кое е дел од архипелагот Шенси, стана интернет сензација и необично место за патување.

Ова село изгледа како да е од бајка бидејќи буквално го проголтала природата. Хоутоуван, на кинески 后头湾 (или Hòutóuwān) порано било просперитетно рибарско село, во 80-тите имало околу 3.000 жители, но поради големата оддалеченост и тешкиот пристап во 90-тите жителите почнале да се иселуваат. Во 2002 година селото официјално станало ненаселено, а по неколку децении качувачките растенија ги прекриле куќите свртени кон океанот. Некои од нив сѐ уште се опремени со мебел.

Remote video URL

Сепак, ова село стекна слава меѓу Кинезите во 2015 година откако на интернет се појавија фантастични фотографии. Наместо да се радуваат на новата популарност, претставниците на споменатиот архипелаг беа загрижени за влијанието на големиот број туристи.

„Телефонските линии ни беа преоптоварени, сѐ повеќе туристи сакаа да дојдат во Хоутоуван. Сепак, ова село нема услови да се отвори за туристи. Затоа ги молиме посетителите да го зачуваат неговиот мир“, стои во тогашното официјално соопштение на властите.

Меѓутоа, сега селото е подготвено за туризам. По две години планирање беше направен план за капитализирање на популарноста на зеленото село. Платформата за набљудување на селото е отворена во 2017 година, а билетот чини 3 долари. Посетителите можат да шетаат низ ридското село за 8 долари, а предупредувања за можни нови рушевини се поставени на напуштените куќи.

Популарноста на селото Хоутоуван значително го подобри туризмот на островот Шеншан, бидејќи многу туристи сега пристигнуваат да останат на островот, а не само во селото.

Remote video URL

Минатата година селото го посетиле 90.000 туристи, што на островот му донело приход од 470.000 долари.

Архипелагот Шенси е малку повеќе од 60 километри оддалечен од Шангај, а островот Шеншан е познат по своите морски плодови и има една од најголемите рибни фарми во Кина.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе