Пристигна циклонот Фобос: Паднати дрвја во Црна Гора, снежно невреме во Хрватска

Најавениот циклон Фобос пристигна на Балканот, во Црна Гора корнеше бандери и стебла, во Хрватска наврнаа 30 см снег, а во Македонија УХМР најави поројни дождови.

Обилните дождови во текот на ноќта предизвикаа бројни проблеми низ улиците на Црна Гора, а силен дожд и поплавени улици не го одминаа ни главниот град.

На социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа од состојбата на терен, сообраќајот се одвива отежнато.

Од циклонот Фобос е зафатен и Херцег Нови, каде силниот ветер, обилните дождови и грмотевиците предизвикаа поплави, соборени стебла и недостиг на електрична енергија. Ветерот достигнал брзина до 90 км/час.

Во Хрватска наврна снег до 30 см, а нов снег се очекува и во следните денови. Во некои делови на земјата ќе има невреме со силен ветер, кој ќе слабее до крајот на денот.

Како што пренесуваат медиумите, делови од Хрватска се зафатени од снежно невреме. На повисоките места обилно паѓа снег, а на некои места има веќе се формирала покривка од над 30 сантиметри.

Според најава на српските метеоролози, во оваа земја во вторник и во среда ќе дуваат силни ветрови, на некои места се најавени и обилни дождови,

Под влијание на циклонска активност времето во Македонија денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни, предупредија од УХМР. Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник, особено претпладне. На повисоките врвови на северозапад ќе врне снег.

Поради тоа што постојат изгледи и веројатност локално врнежите да бидат интензивни и поројни, Центарот за управување со кризи предупредува на можност од брзо зголемување на водостоите на помалите реки и суводолиците со можност за нивни локални излевања, а исто така можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе