Пристигна најновата бета верзија на Android 12

Google ја објави петтата и последна бета верзија за телефоните Pixel (вклучително и Pixel 5a) и неколку уреди на други производители, нудејќи уште еден поглед на најновиот софтвер на ИТ гигантот, пред да пристигне конечната верзија.

Имате последна шанса да го испробате Android 12 пред неговото официјално деби. Beta 5 е верзија за издание со вообичаени ажурирања во последен момент и подобрувања во перформансите, затоа не очекувајте големи промени од beta 4, па дури и beta 3.

Завршениот софтвер треба да се појави „во наредниве недели“, соопшти Google. Ако биде како досега, само сопствениците на Pixel први ќе го добијат Android 12 - корисниците на телефони од други производители ќе треба да чекаат другите да ги прилагодат и имплементираат нивните изданија во наредните месеци.

URL

Material You останува најзабележителната промена во Android 12, вклучувајќи сеопфатно освежување на интерфејсот, пофлуидни анимации, како и теми во боја што се прилагодуваат на вашата позадина. Исто така, ќе видите повеќе карактеристики за приватност, вклучително и специјална контролна табла за приватност, како и копчиња и индикатори за употреба за камери и микрофони.

Исто така, има посуптилни подобрувања „под хаубата“, како што се автоматско вртење базирано на камера и прелистувач на уредот што помага да се најде содржина во вашите апликации. Ова не е огромен скок во некои аспекти, но може да обезбеди нешто свежо и ново за Android ако мислите дека претходните изданија беа малку застарени.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе