Притвор за три лица за убиство во велешко Долно Караслари

Скопје, 25 јануари 2020 (МИА) – Во Полициската станица во Велес вчера се приведени И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од велешкото село Долно Караслари поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на нивниот татко и сопруг З.Т. (58), а судија на претходна постапка им одреди притвор.

Како што информира МВР, на 19 јануари годинава М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото.

-По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор, соопшти МВР. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе