Притворена лекарка од Куманово за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 51-годишна лекарка од Куманово, поради постоење основано сомневање дека сторила  кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Примање поткуп. Основен суд Куманово на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена.

- На 22.09.2021 година во временски период од 07:00 до 14:00 часот, искористувајќи ист траен однос, во својство на лице што врши работи од јавен интерес специјалист за очни болести, вработена во ЈЗУ „Општа болница Куманово“ - Очно одделение во Куманово, со искористување на својата службена положба и овластување за себе прибавила корист и потешко ги повредила правата на друг. Осомничената директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејствие што морало да се изврши. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ  пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, во Основното јавно обвинителство Куманово оформен е предмет, а до судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово поднесен е Предлог за определување на мерката притвор против осомничената во насока на непречено одвивање на постапката. Судот со Решение на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе