Приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана

Близу ГП „Ќафасан“, полициски службеници синоќа приведоа едно лице државјан од Република Албанија, кај кого се пронајдени 16 пакувања марихуана со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, соопшти МВР.

– Околу 20:30 часот, вчера полициски службеници од Бирото за јавна безбедност - Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за специјални полициски операции и СВР Охрид, на подрачје на Струга, во непосредна близина на магистралниот пат А2-Е852 (на околу 2 километра од ГП „Ќафасан“) пресекоа канал за недозволена трговија со марихуана од Република Албанија во Република Северна Македонија и запленија 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, а го приведоа Е.Х. (20) од Република Албанија, посочуваат од МВР.

Од МВР соопштуваат дека против Е.Х. до ОЈО за ГОКК ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со засилени мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги.

Тагови
реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе