Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – ОКР Кисела Вода, утрово во 06:45 часот, заедно со Специјалната антитерористичка единица во угостителски објект во Арачиново, го лишиле од слобода С.Ј. (43) од Арачиново баран со потерница, информира Министерството за внатрешни работи.
С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од Казнено-поправната установа Идризово, за доиздржување на казна затвор од три години пет месеци и осум дена.
МВР информира дека тој бил осуден на затворска казна од вкупно шест години и шест месеци за недозволена трговија со наркотици, член 215, страна три од Кривичниот Законик.
С.Ј. ќе биде предаден во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната.