Приведен малолетникот кој потпалуваше шума на Tik-Tok

Малолетник од скопското село Мојанци е приведен поради потпалување на нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Приведениот го признал делото, а полицијата го открила откако на социјалните мрежи споделил видео и фотографии како го предизвикува пожарот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје - Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-годишно момче од село Мојанци, скопско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На 4 август 2020 на социјалната мрежа Tik-Tok тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, односно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи, по што Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презеде мерки и активности и на 5 август 2020 до СВР Скопје - Единицата за насилен криминал доставена е документација со повеќе снимени видео клипови на кои се гледа дел од фигура на лице како врши потпалување на повеќе дрва и грмушки на јавна површина - планина, како и фотографии од лице со профил на социјална мрежа Tik-Tok, под псевдоним Д.К., се наведува во полицикото соопштение.

Единицата за насилен криминал утврдила дека лицето кое предизвикува пожар на јавна површина е 17-годишен малолетник од село Мојанци, а местото каде што го извршува кривичното дело се падините на блиската шума над селото.

– По утврдување на идентитетот, на 13 август 2020 малолетникот заедно со неговиот татко бил повикан на разговор во просториите на Единицата за насилен криминал, каде што во присуство на инспектор по малолетничка деликвенција, го признал делото и потврдил дека тој палел нискостеблеста трева и шума на падините на блиската шума над село Мојанци, соопшти МВР.

Од МВР велат дека за настанот бил запознаен Јавен обвинител за малолетници и по негови насоки делото е квалификувано како „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво член 288 од Кривичниот законик.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе