Приведен осомничен за запалените возила на ЕВН во Тетово

Тетово, 14 август 2020 (МИА) – Тетовската полиција соопшти дека ноќеска околу 1:30 часот уапсиле 43-годишник од градот за кого се сомневаат дека предизвикал пожар на двете возила, сопственост на ЕВН Македонија. Тој бил приведен на улица „Ленин“ во близина на едно од двете места каде имаше пожар.

-Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од  00:40 до 01:10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле.

Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски  регистарски ознаки. К.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираат од СВР Тетово.

Пожарите на двете места ноќеска ги изгаснаа од екипите на Територијалната противпожарна единица Тетово. 

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе