Приведени 8 дилери од Кавадарци, пронајдено кокаин, хашиш, марихуана

Приведени се 8 дилери од Кавадарци, кај кои биле пронајдени кокаин, хашиш и марихуана.

Тони Ангеловски, портпарол во МВР, информира дека оваа акција е во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

Ангеловски рече: „Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, приведоа осуммина дилери и запленија хашиш, хероин, амфетамин“.

Околу 13:40 часот бил извршен претрес на домот и други простории кај лицето Ж.С. (31) во Кавадарци.

– При претресот покрај Ж.С. биле затекнати А.П. (32) и Е.Д. (38) при користење амфетамин, а биле пронајдени хашиш, амфетамин, шприц со канабисово масло и една воздушна пушка. Во 13:30 часот во Кавадарци при купопродажба на хероин затекнати и приведени се А.С. и К.Н. кои го купиле во близина на домот на П.М.. Потоа е извршен претрес во дом на П.М. и при претресот пронајден е хероин, пари, дигитална вага и мелница со остатоци од кафена прашкаста материја. Извршен е претрес кај В.М. (28) во Кавадарци, при што се пронајдени хашиш и марихуана. Исто така, извршен е претрес во домот на Б.Ј. (37) во Кавадарци, каде е пронајден кокаин, додава Ангеловски.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе