Приведени насилниците кои претепаа девојка и го снимаа нападот

На социјалните мрежи утрово вирално се рашири видео на кое се гледа како две момчиња физички напаѓаат девојка и ја прашуваат дали е бремена, по што Министерството за внатрешни работи презеде мерки.

По бурните реакции на јавноста на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на неговиот Facebook профил напиша дека Секторот за внатрешни работи – Штип презел мерки за случајот.

– Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи – Штип се преземени мерки за утврдување на идентитетот на лицата, кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р, наведе Чулев.

Тој посочи дека за конкретниот настан и преземените мерки известено е Основното јавно обвинителство.

– Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот, посочи Чулев.

Основното јавно обвинителство во Штип, како што соопштија, отворило предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беа објавен видеозаписи во кои се гледа насилство извршено над едно лице.

– Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица. Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата, наведоа од ОЈО Штип.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Хроника

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more
 

Вести

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе