Пробавме дупли чедар бургер од Киоск

Ако нешто обожаваме да јадеме додека сме на работа, тоа се бургери! И мора да признаеме дека досега сме пробале најразлични типови на бургери - почнувајќи од  „шоферските“ на излез од Скопје, разни „брзосмртки“ кои можат да се најдат во монтажните киосци и сомнителни сендвичари во близина на училишните дворови, па сѐ до фенси верзиите со нереално висока цена кои како по правило мора да имаат збрцан нож во средината.

Тоа што досега успеавме да го сфатиме е дека добриот бургер може да се најде и на најнеочекуваната локација, а угледните ресторани и бургер барови може тотално да потфрлат во подготовката или состојките. Како се покажаа Kiosk Burger Bar?

Се јавивме телефонски за да направиме нарачка за достава до нашата локација. На наше огромно разочарување, нарачката беше одбиена со објаснување дека не вршат достава до Автокоманда. Ова е момент кој се повторува кај повеќе угостители, а ние никако не можеме да го разбереме затоа што:

- Доколку бевме во Центар, немаше ни да ни треба достава;
- Нарачката која ја направивме беше над 650 денари, што спаѓа во „исплатливо“ за повеќето локали кои вршат испорака;
- Доколку локацијата е подалечна, секогаш е подобро да се понуди опција за доплата отколку да се одбие клиентот;

Разочарани и гладни, тркнавме до нивната локација за да го подигнеме пакетот кој содржеше повеќе различни оброци. Во оваа рецензија, ќе се задржиме на дуплиот чедар бургер составен од две плескавици (вкупно 240 гр.) направени од 100% јунешко месо, сенф сос, салата и две парчиња чедар кашкавал.

Кога го отворивме пакетот, прво што забележавме беа опаковките, на кои беше означено бургерот кој е внатре. Ова е одлична идеја, особено кога станува збор за поголеми нарачки и кога не би сакале колегите да ви ги отвораат и пипкаат вашите сендвичи за да проверат што има внатре! :)

Ги отпакувавме дуплиот чедар бурер и помфритот и го наредивме на подлога за сервирање за кратка фото-сесија, по што почнавме со дегустација. Иако на прв поглед лепчето не ни изгледаше баш привлечно, потврдуваме дека е едно од највкусните лепчиња кои сме ги пробале. Меко како „душа“, тазе и не се „заглавува“ во грло како кај некои други бургери. Тоа што би го сакале е да видиме и верзија со потпечено лепче (можеби како дополнителна опција) кое сигурно ќе му даде дополнителен шмек на бургерот.

Веднаш забележавме дека за разлика од некои други бургери кои имаат целосно раздвоено лепче, кај дуплиот чедар бургер нема да имате никаков проблем со претекување и распаѓање на состојките додека јадете. Едноставно, формата е компактна, а плескавиците и салатите (марула, домати, кисели краставички, кромид) остануваат „залепени“ (најверојатно поради чедарот) и не претекуваат на сите страни. Кога ќе го фатиме во рака, сфаќаме дека бургерот е навистина обемен и сигурно ќе нѐ засити.

Иако сендвичот содржи 2 парчиња чедар, мора да признаеме дека неговиот вкус речиси и не се чувствува. Но, тоа што чедарот најмногу служи како декорација не значи дека вкусот на целиот бургер не е задоволувачки, напротив – вкусот е интензивен и примамлив. Доминира специфичниот вкус на плескавиците од јунешко месо, сосот со сенф и киселите краставички. А тоа ни се допадна! Ако правиме споредба, можеме да кажеме дека вкусот потсеќа на бургерите од McDonald’s, но далеку поинтензивна и повкусна варијанта, соодветна за македонските купувачи. Единствено нешто што не ни се допадна е тоа што плескавиците беа препечени (а со тоа и малку суви) за наш вкус.

Компирчињата беа вкусни и крцкави и покрај тоа што помина половина час откако ни ја спакуваа нарачката. Ова се должи благодарение на соодветното пакување во хартиена кесичка, која иако можеби не изгледа привлечно, сепак му овозможува на помфритот да „дише“ и ја спречува кондензацијата. Количината на „малиот“ помфрит беше и повеќе од доволна за бургерот, па дури и ни останаа нешто на крај.

Во прилог на бургерот добивате 2 соса спакувани во пластични опаковки. Светлиот сос е некаква тајна мешавина од кари, мајонез и можеби сенф, а црвениот е обичен кечап. Кари сосот беше вкусен и го искористивме цел, додека кечапот беше премногу благ и на вкус потсетуваа на најевтиниот кечап што може да се најде на пазарот, па затоа само го пробавме и го фрливме. Ако грешиме и е всушност „од поскапите“, се извинуваме, но – нас не ни се допадна во оваа комбинација.

Дуплиот чедар бургер е еден од најевтните „скапи и квалитетни бургери“ кои можете да го пробате, но му недостасуваат неколку промени со кои би станал „најдобриот бургер за цената во градот“. Менаџментот сериозно треба да размисли за ревидирање на политиката за испорака на производи (како и за воведување на онлајн нарачки и плаќање), а готвачите да прават похрабри одлуки во експериментирањето со вкусовите (потпечено лепче, покрцкава и поиновативна салата, карамелизиран кромид, избор за помалку печена плескавица и тн.).

Па, која би била финалната одлука ако ги земеме предвид целокупното искуство, вкусот, квалитетот и цената (230 денари за бургер + 30 денари а помфрит) и дали повторно би го порачале?

За ова имаме два одговора:
1) Да! Ова е дефинитивно бургер кој би го порачале повторно!
2) Не, доколку не сме во опсегот во кој вршат испорака!

thumb_up Позитивно
  • Интензивен и специфичен вкус
  • Не се распаѓа.
  • Тазе и вкусно лепче.
  • Соодветни состојки.
  • Обемен бургер кој заситува.
  • Крцкав и обемен помфрит.
thumb_down Негативно
  • Нема испорака за „подалечни“ локации.
  • Нема можност за електронски нарачки и плаќање.
  • Несоодветен кечап.
  • Препечени (суви) плескавици.
  • Не се чувствува вкусот на чедарот.
thumb_up
Кајгана
Оцена
3.9/5

 

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Бременост после 40-тата: Што треба да знаете?

Читај повеќе

Како пролетното чистење делува на нашата психа?

Читај повеќе

Има повеќе видови отколку што мислевте: Зошто треба да јадете ротквици?

Читај повеќе
  • filter

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Читај повеќе

Белуга китови, мразокршач и класична музика - необична морска приказна

Читај повеќе
  • play_arrow

Храна што неверојатно го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе ја решите Ајнштајновата загатка? Успеале само 2% од луѓето

Читај повеќе