Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Само неколку дена по глобалното лансирање на Huawei Watch GT 3 SE, добивме можност да го добиеме на користење најновиот паметен часовник на Huawei, наменет да ги задоволи барањата на љубителите на спортот, активните урбани луѓе и оние кои внимаваат на здравиот начин на живот и сакаат да ги следат здравствените параметри. 

По две недели од користење на Huawei Watch GT 3 SE, впечатоците се формирани и можам да раскажам кои се импресиите од неговото користење.

Прв впечаток: Голем, храбар, спортски

Huawei Watch GT 3 SE има кружно тело изработено од полимер, со дијаметар од 46 милиметри и е достапен во две варијанти на бои: Wilderness Green и Graphite Black. На тестирање ја добив црната варијанта.

Бидејќи имам покрупна рака, веднаш ми се допадна како „лежи” и дека е доволно голем за да не се „губи” на рака. Дизајнот е нагласено спортски и едноставен, а часовникот тежи само 35 грама. Ми се допаѓа што овозможува удобност на раката при секојдневно користење и спортски активности, со оглед на големината. Ремчето е со ширина од 22 милиметри и е меко, флексибилно и удобно.

Хардвер

Huawei прави добар хардвер, па така е и во случајот со oвој часовник. Часовникот има AMOLED дисплеј на допир со големина од 1,43 инчи со одлична видливост дури и на директна изложеност на сонце. Дисплејот има и одлична чувствителност на допир и е лесен и прецизен за користење. Отпорен е на оштетувања благодарение на Corning Gorilla Glass и армираните полимерни влакна. 

На десната страна од часовникот има две физички копчиња - круната која се врти и се притиска за влез во функции на менито (но иако се врти со неа не можете да листате низ менито, освен со прсти н на дисплејот) и второто копче кое овозможува брз пристап до функциите за здравје и фитнес (ова може да го промените во менито).

Huawei Watch GT 3 SE е водоотпорен до 5 ATM или длабочина од 50 метри, што во превод значи дека слободно може да се туширате со него или да пливате, но не е часовник за нуркање.

На задната страна се наоѓаат сензорот за отчукувања на срцето и сензорот за мерење на SpO2 вредности, но недостасува сензор за мерење на ECG.

Софтвер и користење

Стилот на часовникот од старт сугерира дека ова е часовник кој е повеќе ориентиран кон спортските и здравствените функции, отколку дека се натпреварува со конкуренцијата во сегментот на паметни чсовници. Достапни се повеќе од 100 спортски активности кои може да ги следи. За жал, зимските временските услови и дождот периодов не ми дозволија да го користам за мојата омилена физичка активност друмскиот велосипедизам на долги растојанија, па можев да видам како се однесува само при не толку интересна активност како пешачење. Да бидам искрен, мразам трчање. Ми се допаѓа што нуди детални статистики, меѓу кои и интензитет на вежбите, па можам да видам дали треба да „запнам” повеќе во споредба со активност од претходен пат.

Благодарение на HUAWEI TruSeen™ 5.0+, HUAWEI TruSleep™ 3.0 и другите технологии за следење на здравјето од серијата Tru, HUAWEI WATCH GT 3 SE може да даде целосен извештај  за отчукувањата на срцето, квалитетот на спиењето, SpO2 (заситеност на крвта со кислород) и нивото на стрес. Поддржува следење на квалитетот на спиењето и обезбедува вредни информации за однесувањето при спиење за да идентификува 6 типични проблеми, вклучително и тешкотии при заспивање, лесен сон, лесно ноќно будење, рано будење, многу соништа и неправилен сон и дава над 200 научно-базирани персонализирани предлози за помош во овие ситуации.

Можете да правите и да одговарате на телефонски повици преку часовникот кој е поврзан со вашиот телефон, но мене искрено ми недостасува опција за е-сим, доколку сакам да имам пристап до функциите кои бараат поврзаност и со мрежа, а не сакам да го носам и телефонот со мене.

Часовникот може да го користите и за слушање на музика од вашиот телефон, а може да складирате и до 500 песни во меморијата на часовникот доколку сакате да не го носите вашиот телефон додека вежбате.

Импресивна батерија

За мене беше неверојатно колкава е издржливоста на батеријата на Huawei Watch GT 3 SE и можам да кажам дека сум импресиониран. Го полните и се заборавате две недели. За споредба, на мојот Apple Watch Series 7, батеријата во просек ми трае еден ипол ден. Мора да се признае дека паметните часовници на Huawei имаат неверојатен живот на батеријата. Освен одличната батерија, часовникот доаѓа со брз безжичен полнач.

Заклучок

Одамна во рака не ми „паднал” Huawei уред и сум импресиониран од еволуцијата на Huawei. Huawei Watch GT 3 SE е одличен паметен и пред сè спортски часовник во рангот на пристапната цена од 11.999 денари за која се продава на македонскиот пазар. Ми се допаѓа што батеријата трае неверојатно долго, лесен е, има одличен дисплеј со можности за прилагодување на неговиот изглед преку Watch Faces, детално следење на сите можни спортски активности, компатибилен е со iOS и Android уреди. Доколку сакате пристоен спортски часовник за следење на физички активности во овој ценовен ранг, не се двоумете Huawei Watch GT 3 SE да биде ваш избор за купување.

thumb_up Позитивно
  • Одличен дисплеј
  • Неверојатно траење на батеријата
  • Лесен, удобен
  • Компатибилен со iOS и Android уреди
  • Функции за следење на многу спортски активности
  • Пристапна цена
thumb_down Негативно
  • Нема можност за е-сим
  • Нема ECG
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе