Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Со враќањето на работа во канцеларија следи и враќањето на нарачки за храна. Со оглед на тоа дека на работа поминуваме осум часа, токму таму јадеме и барем еден од главните оброци во денот.

Од таа причина, важно е тој оброк да биде хранлив, содржаен и свежо подготвен. Како големи гурмани, тука во КАЈГАНА сме отворени да пробаме различни вкусови и да им дадеме шанса на новите играчи на скопската гастро сцена, но и да пробаме што ново смислиле добро познатите имиња и да ги оцениме во рубриката ПРОБАВМЕ.

Фото: КАЈГАНА

Ако излезе нешто добро од пандемијата, тоа е подемот на сервисите за достава, па во неколку наврати ја искористивме акцијата на korpa.mk за бесплатна достава на одредени брендови. Дечките се супер коректни и брзи, апликацијата е лесна за користење, а доставувачите се екстра љубезни.

Ни фатија око Baeggel и слушнавме добри препораки за нив, па нарачувавме различни производи од нивната интересна понуда. По неколку нарачки забележавме дека Лосос бејгл (во категоријата Сендвичи) често се наоѓа на листата, па ни се виде како супер прилика да го оцениме.

Како што спомнав погоре, многу важен фактор во изборот на главниот оброк за време на работа е да е хранлив, па внимаваме овие оброци да не бидат сведени на печива без свежи состојки. Токму затоа, јас и колешката Сања лесно се одлучивме за бејгл со лосос. Во 100 грама чаден лосос, каков што користат Baeggel за ова јадење, има само 117 калории, нешто повеќе од 4 грама здрави масти, 18,3 грама протеини, како и калциум, железо, цинк...

Со оглед на тоа дека нарачките за храна ги правиме некаде во периодот за бранч, Лосос бејгл е совршен избор за овој оброк. И јас, и Сања се согласивме дека иако „го изедовме за две минути“, овој Лосос бејгл нè држеше сити до крајот на работниот ден, токму до следниот оброк што го јадеме дома после работа.

Фото: КАЈГАНА

Кон хранливоста на ова јадење се надоврзуваат и другите состојки – бејгл лепчето со сусам е доволната количина на јаглехидрати за ова јадење, иако во едната нарачка не беше толку свежо како во останатите, сепак ја имаше структурата потребна да го носи овој сендвич.

Крем сирењето му дава одлична кремава текстура, а кон дозата здрави масти се надоврзува и авокадото. Свежите додатоци црвен кромид, кејпр, краставица и бејби салата се токму она што „нè купува“ бидејќи се навистина свежи и во одличен сооднос со другите состојки.

И да не сте љубител на кромид, особено во канцелариски услови, ја пробавме и таа варијанта и Лосос бејгл го задржа структурниот и гастрономскиот интегритет и без него. Сепак, јас го препорачувам со кромид бидејќи го дава оној шмек што е потребен во секој сендвич. Ќе се согласам со Сања дека на оваа комбинација сепак ѝ недостига „кик“ што ќе ги нагласи вкусовите, како сок од лимон.

Мојата највисока оцена оди за редоследот на состојките, кој според мене е клучен во сендвичи и бургери, а често е елементот што недостига во скопската понуда. Сè е токму во вистинската количина и редослед што го прави Лосос бејгл свеж и по достава и лесен за јадење – буквално не падна ни сусамче од лепчето!

Лосос бејгл е најскапиот во понудата Сендвичи, но сметаме дека сосема вреди за цената, со оглед на количината и квалитетот на состојките, како и факторот ситост на подолг рок.

Нашата заедничка оцена за Лосос бејгл е 5/5, со препорака да додадат лимон што ќе ги врзе вкусовите и ќе додаде свежина.

До следното ПРОБАВМЕ искуство, хранете се здраво, поддржете ги локалните брендови и не заборавајте да му дадете бакшиш на доставувачот ако доставата била навремена и љубезна.

thumb_up Позитивно
  • Квалитетни состојки
  • Вкусно
  • Сочно
  • Хранливо
  • Здраво
thumb_down Негативно
  • Нема
thumb_up
Кајгана
Оцена
5/5

 

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Пробавме

Пробавме: Туна салата од Tinex ToGo, без туна

Read more

Пробавме: Huawei Watch GT 3 SE

Read more

Пробавме Лосос бејгл од Baeggel

Read more

Пробавме EUROVAFEL на Swisslion

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе