УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Проблеми за ПСЖ: Флоренци е позитивен, го пропушта Баерн

Италијанскиот дефанзивец нема да може да игра на двете четвртфинални пресметки откако доби позитивен тест на COVID-19.

Пари Сен-Жермен ќе мора да се снаоѓа на десната латерала за тешкото гостување во Минхен кај актуелниот бранител на тронот, а потоа и за реваншот.

„При последното PCR тестирање за Sars-Cov2, Алесандро Флоренци излезе позитивен. Тој се наоѓа во изолација почитувајќи ги соодветните здравствени протоколи. За потсетување, играчот веќе од пред неколку дена е во изолација како мерка на претпазливост“, соопшти клубот.

URL

Флоренци не играше во саботата против Лил токму поради сомневањата дека закачил корона.

Сега ќе мора да седи 10 дена во изолација, а потоа да добие негативен тест за да може да се врати на тренинг.

Баерн го пречекува ПСЖ во реприза на финалето од минатата сезона, а натпреварот се игра в среда од 21 часот на „Алианц Арена“ стадионот во Минхен.

Покрај овој натпревар, 30-годишниот Италијанец ќе го пропушти и дуелот со Стразбур од Лиг 1 викендов, како и реваншот со Баерн во вторник.

Флоренци сезонава настапува за ПСЖ како позајмен фудбалер од редовите на Рома каде треба да се врати во јуни доколку двата клуба не ги договорат условите за откуп.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе