Најпопуларната светска фудбалерка, Алиша Леман, проговори за навредливите коментари кои ги добива на социјалните мрежи, но и во јавноста и на натпреварите поради нејзиниот секогаш негуван изглед.

Леман се стекна со слава на социјалните мрежи и дојде до точка кога секој нејзин фудбалски потфат во кариерата се следи со посебно внимание.
Сепак, поради нејзиниот секогаш негуван изглед, таа често е мета на обожавателите кои сметаат дека нема потреба кога излегува на терен тоа да го прави со многу шминка и надградени нокти.
Популарната Швајцарка, која настапува за Јувентус, овој пат проговори за овој проблем и изјави дека не е пријатно да се слушаат вакви коментари.
„Секогаш се чувствувам така затоа што луѓето ме прашуваат 'зошто носиш толку шминка на натпреварите' или зошто го правиш ова или она. Јас сум жена, ако сакам да играм нашминкана, ќе се нашминкам. Ако сакам да ги средам ноктите, ќе ги средам“, рече Леман.
„Тоа е дел од мене, не слушам такви работи бидејќи не е нешто на што треба да се фокусирам. Самоуверена сум, среќна сум и се смеам секој ден. Се будам среќна, но очигледно ми е проблем кога има такви коментари. Не е пријатно“, додаде Швајцарката во интервју за talkSport.
EXCLUSIVE: Alisha Lehmann opens up on 'problem' with 'not very nice' online abuse she receiveshttps://t.co/t58gGg2ZWa
— talkSPORT (@talkSPORT) March 26, 2025
Леман моментално е фудбалерка на Јувентус, а во кариерата настапуваше и за Астон Вила, Евертон, Вест Хем и Јанг Бојс. За швајцарската репрезентација одигра 58 натпревари и постигна 9 голови.